РУСКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ ГИ ПРЕМЕСТУВААТ ЈАХТИТЕ ВО ЦРНА ГОРА И МАЛДИВИ ЗА ДА ГИ СПАСАТ ОД ЗАПЛЕНУВАЊЕ

    РУСКИТЕ МИЛИЈАРДЕРИ ГИ ПРЕМЕСТУВААТ ЈАХТИТЕ ВО ЦРНА ГОРА И МАЛДИВИ ЗА ДА ГИ СПАСАТ ОД ЗАПЛЕНУВАЊЕЈахтата „Галактика Супер Нова“ на рускиот милијардер Вагит Алекперов. (Фото: Хесен јахти)

    Дел од најбогатите Руси ги преместуваат своите суперјахти, со надеж дека ќе избегнат запленување откако администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе го лови нивниот имот, вклучувајќи ги јахтите и вилите. Франција, исто така, прави листа на имотите на руските олигарси, вклучувајќи ги јахтите и луксузните автомобили, кои што можат да бидат запленети поради санкциите на Европската унија.

    Според податоците до кои дојде американската телевизија „Си-Ен-Би-Си“, најмалку четири огромни јахти се движат кон Црна Гора и Малдиви откако беа воведени санкции против Русија поради руската инвазија на Украина.

    „Претстојнава недела ќе формираме специјална трансатлантска единица со задача да ги идентификува, најде и замрзне имотите на санкционираните руски компании и олигарси – нивните јахти, вили и други поседи до кои дошле со злоупотреби“, соопшти Белата куќа на Твитер.

    Вагит Алекперов, претседателот на „Лукоил“ ја преместува неговата јахта „Галактика Супер Нова“ од Барселона во Црна Гора. Алекперов се проценува дека има богатство од 25 милијарди долари.

    Најмалку три јахти на руски милијардери се на пат за Малдиви, мала земја во Индискиот океан.

    Меѓу нив е јахтата „Клио“ на Олег Дерипаска замина од Шри Ланка замина од Шри Ланка пред две недели и треба наскоро да пристигне во Малдиви. Дерипаска е еден од ретките руски олигарси кои јавно се спротивставија на војната во Украина.

    „Мирот е приоритет. Преговорите мора да почнат веднаш“, кажа во саботата Дерипаска, чие богатство е проценето на 4 милијарди долари.

    Црна Гора е членка на НАТО и ги има почнато пристапните преговори со ЕУ. Малдиви нема договор за екстрадиција со САД.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира