Украинското министерство за одбрана кажа дека руски оперативци сега се во Киев.
„Непријателот се наоѓа во населбата Оболон, околу девет километри северно од зградата на парламентот во центарот на градот“, соопшти министерството.
Тоа ги охрабрува локалните жители да се спротивстават со Молотови коктели, а други се советуваат да се засолнат.
„Мирните жители, бидете внимателни, не излегувајте од дома“, порачаа од министерството.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат руски тенкови како се движат низ Оболон.
Киев утрово беше цел на руски ракетирања и властите најавија дека во текот на денот може да се очекува и тенковски напад. Украинската војска соопшти дека се бори со руските сили во југозападните предградија Димер и Иванкив, каде што напредува голем број руски оклопни возила.