Руските власти на Крим објавија дека планираат да продадат над 100 украински имоти, вклучувајќи еден кој му припаѓа на Володимир Зеленски. Спикерот на кримскиот парламент Владимир Константинов изјави дека национализираните недвижности ќе бидат продадени наскоро и дека веќе се одржале осум аукции.
Константинов кажа дека договорите за продажба изнесуваат над 815 милиони рубли (8,5 милиони долари).
Проруските власти на Крим во февруари кажаа дека национализирале околу 500 недвижности на анектираниот полуостров, вклучувајќи такви кои биле во сопственост на украински функционери и бизнисмени.
Крим е под контрола на Русија од 2014, осум години пред да почне целосната инвазија на Украина.