САД ДЕПОРТИРАА ВО ХОНДУРАС ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ БОЛНО ОД РАК

    САД ДЕПОРТИРАА ВО ХОНДУРАС ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ БОЛНО ОД РАКГраничниот цар Том Хоман кажа дека децата заминале со мајките на нивно барање (Фото: Гети)

    Три млади деца, од кои едно болно од рак, се депортирани во Хондурас минатата недела заедно со нивните мајки, изјавија адвокатите на семејствата. Сите три деца се американски државјани.

    Меѓу нив е и четиригодишно дете со рак во четврта фаза, кое било протерано без соодветни лекарства, кажаа адвокатите.

    Том Хоман, кого Доналд Трамп го назначи за надлежен за границите, изјави дека мајките одлучиле нивните деца да заминат со нив.

    „Тоа што имате дете кое е американски државјанин не ве прави имун на нашите закони“, рече Хоман, додавајќи дека мајките илегално престојувале во САД.

    Имиграциските власти на Њу Орлеанс во петокот депортирале во Хондурас две мајки и три деца кои се на возраст од две, четири и седум години. Двете семејства живееле во САД со години, а едно од децата има метастазиран рак и било депортирано без консултации со лекарите, кажаа адвокатите.

    Трамп се соочи со огромни критики во својот прв мандат откако раздели илјадници деца од нивните родители.

    „Депортирањето на цели семејства е подобро отколку да бидат разделени. Ги одржуваме семејствата заедно. Децата заминаа со мајките на нивно барање. Тоа беше одлука на родителите. Децата не беа депортирани. Ние не депортираме американски граѓани“, кажа Хоман.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира