Доналд Трамп објави дека САД ги прекинуваат сите односи со Светската здравствена организација, изјавувајќи дека таа не успеала соодветно да одговори на кризата со коронавирусот бидејќи Кина има тотална контрола врз неа.
„Кина ги игнорираше своите обврски да го пријави коронавирусот во СЗО и потоа ја притискаше да го залажува светот кога вирусот првпат беше идентификуван“, изјави Трамп.
Тој додаде дека САД придонесуваат во СЗО со 450 милиони долари, а Кина само со 40 милиони.
„Ги прекинуваме сите наши врски со СЗО и парите ќе ги пренасочиме на друго место. Светот страда поради злоупотребата на кинеските власти. Кина поттикна глобална пандемија која досега однесе 100.000 животи во САД“, кажа Трамп.