САД ГИ УКИНУВА ВИЗИТЕ ЗА ХРВАТСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ

    САД ГИ УКИНУВА ВИЗИТЕ ЗА ХРВАТСКИТЕ ДРЖАВЈАНИХрватските граѓани ќе можат да престојуваат во САД 90 дена

    САД ја вклучи Хрватска во својата програма за укинување на визите, овозможувајќи им на нејзините државјани да влезат во Америка без виза и да останат 90 дена, објави министерот за татковинска безбедност Алехандро Мајоркас.

    „Денешното приклучување на Хрватска како нов учесник во Програмата за укинување на визи е важно признание на економските и безбедносните интереси што ги делат нашите земји“, кажа Мајоркас.

    Визите за хрватските граѓани ќе бидат укинати најдоцна до 1 декември, кога ќе се ажурира Електронскиот систем за авторизација на патувањата.

    „Ѝ честитам на Хрватска што стана 40. членка на програмата откако исполни строги услови“, кажа Мајоркас.

    Меѓу условите што треба да се исполнат е годишниот процент на одбиени неимигрантски визи да не биде поголем од три отсто.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира