САД ГО ОБВИНИЈА НИКОЛАС МАДУРО ЗА ШВЕРЦ НА ДРОГА И ПОНУДИЈА НАГРАДА ОД 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НЕГОВО АПСЕЊЕ

    САД ГО ОБВИНИЈА НИКОЛАС МАДУРО ЗА ШВЕРЦ НА ДРОГА И ПОНУДИЈА НАГРАДА ОД 15 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА НЕГОВО АПСЕЊЕСАД не го признаваат Мадуро за претседател на Венецуела (Фото: Гети)

    САД ги обвинија претседателот на Венецуела Николас Мадуро и негови соработници за злосторства поврзани со шверц на дрога. Притоа е понудена награда од 15 милиони долари за секоја информација што ќе доведе до апсење на Мадуро, кого долго време го обвинуваат за водење на коруптивен и брутален режим.

    Овие обвинувања би можеле да доведат до ново ескалирање на односите помеѓу двете земји, при што САД го признаваат опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела.

    Освен Мадуро, обвинети се и десетина високи функционери на Венецуела, како министерите за одбрана и за правда.

    „Народот на Венецуела заслужува транспарентна и одговорна влада која ќе служи на неговите потреби и нема да биде вклучена во недозволена трговија со дрога“, соопшти Стејт департмент.

    Јавниот обвинител Вилијам Бар го обвини Мадуро дека соработува со бунтовничката група ФАРК, „со помош на која ги преплавува САД со кокаин“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари