САД ГО ОДОБРИЈА ПРВИОТ ДОМАШЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19 КОЈ ГИ ДАВА РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА 30 МИНУТИ

    САД ГО ОДОБРИЈА ПРВИОТ ДОМАШЕН ТЕСТ ЗА КОВИД-19 КОЈ ГИ ДАВА РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА 30 МИНУТИУредот за 30-минутно тестирање чини околу 50 долари (Фото: АП)

    Американските регулатори ја одобрија употребата на првиот брз тест за коронавирус што целосно може да се спроведе дома. Сепак, за користењето на тестот ќе треба рецепт, што повторно би можело да ја ограничи неговата употреба.

    Триесетминутниот тест, кој чини околу 50 долари, го создаде компанијата од Калифорнија „Лусира хелт“. Тој им дозволува на корисниците сами да земат брис од носот. Примерокот се става во шишенце кое се приклучува на преносен уред за тестирање и за најмногу половина час на екранот се прикажува дали лицето е позитивно или негативно на вирусот.

    Агенцијата за храна и лекови на САД досега има одобрено над 300 различни тестови за коронавирус, но кај мнозинството од нив е потребно медицинско лице да го земе брисот, кој потоа се испитува во лабораторија со употреба на високотехнолошка опрема.

    Повеќе од 100 луѓе учествувале во клиничките испитувања на тестот и тој покажал точност од 94,1%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира