САД И ЕВРОПСКА УНИЈА ПЛАНИРААТ ДА ВОВЕДАТ НОВИ САНКЦИИ ЗА ИРАН

    САД И ЕВРОПСКА УНИЈА ПЛАНИРААТ ДА ВОВЕДАТ НОВИ САНКЦИИ ЗА ИРАНИзраелската војска кажа дека иранскиот напад нема да помине биде одговор (Фото: АП)

    САД и Европската Унија најавија дека би можеле да воведат нови санкции за Иран по нападот врз Израел викендов. Американската министерка за финансии Џенет Јелен изјави дека одлуката ќе биде донесена во следните денови, додека водечкиот европски дипломат Жозеп Борел кажа дека Брисел работи на тоа.

    Израел ги повика сојузниците да воведат санкции против иранската програма за развој на проектили, кои се сметаат за дел од поширок план да се ограничи иранската нуклеарна програма.

    Во првиот директен ирански напад врз Израел беа лансирани повеќе од 300 дронови и проектили и шефот на израелската војска Херци Халеви во понеделникот кажа дека тоа нема да помине биде одговор, иако израелскиот воен кабинет досега не донесол формална одлука за тоа. И додека сите страни го повикуваат Израел на воздржаност, тој досега презеде само дипломатска офанзива, повикувајќи повеќе од 30 држави да воведат санкции против Иран. Израел исто така побара Иранската револуционерна гарда да биде прогласена за терористичка организација, што САД веќе го имаат направено.

    Очекувам да воведеме нови санкции во следните денови. Целта е да се спречи финансирањето на терористичките активности на Иран. Една од областите каде што би можеле да реагираме е иранскиот извоз на нафта“, изјави Јелен.

    Борел кажа дека и некои членки на ЕУ побарале санкциите против Иран да бидат проширени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира