САД И ГЕРМАНИЈА ЗАЕДНО ЌЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ НЕГИРАЊЕТО НА ХОЛОКАУСТОТ И НАЦИСТИЧКИТЕ ЗЛОСТОРСТВА

    САД И ГЕРМАНИЈА ЗАЕДНО ЌЕ СЕ БОРАТ ПРОТИВ НЕГИРАЊЕТО НА ХОЛОКАУСТОТ И НАЦИСТИЧКИТЕ ЗЛОСТОРСТВАХајко Мас и Ентони Блинкен потпишаа заедничка декларација во Меморијалот за убиени европски Евреи во Берлин (Фото: АП)

    Германија и САД покренаа заедничка иницијатива која ќе има за цел да го одржува во живот сеќавањето на Холокаустот и ќе им се спротивставува на оние кои ги негираат нацистичките злосторства.

    Заедничката декларација ја потпишаа германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и државниот секретар на САД Ентони Блинкен во Меморијалот за убиени европски Евреи во Берлин. Тие договорија и одржување на првата конференција за Холокаустот подоцна оваа година.

    „Длабоко сме загрижени што негирањето, ревизионизмот и извртувањето на Холокаустот се во подем, исто како и антисемитизмот“, стои во декларацијата.

    САД и Германија кажаа дека сакаат да промовираат подобро образование за Холокаустот низ светот.

    „Наша обврска е да сториме сè за да обезбедиме идните генерации да ја научат вистината за Холокаустот и да се спречи повторување на такви ужасни злосторства против човештвото“, се вели во декларацијата.

    Блинкен, кој има еврејски корени и чиј очув ги преживеал концентрациските логори Треблинка, Мајданек, Дахау и Аушвиц, ја опиша иницијативата како историски дијалог.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира