САД ИСПРАЌААТ ТРЕТ НОСАЧ НА АВИОНИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ОТКАКО ТРАМП НАЈАВИ НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН

    САД ИСПРАЌААТ ТРЕТ НОСАЧ НА АВИОНИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ОТКАКО ТРАМП НАЈАВИ НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАНГрупата бродови што моментално плови кон Блискиот Исток го вклучува носачот на авиони „Теодор Рузвелт“

    Американската војска испраќа околу 9.000 војници со група бродови на Блискиот Исток, изјави еден американски функционер. Засилувањето на американското воено присуство доаѓа во момент кога Доналд Трамп предупреди на нови напади врз Иран.

    Новото распоредување вклучува и трет носач на авиони, додека Трамп го разгледува својот следен потег пред ноемвриските меѓуизбори во САД. Трамп се закани дека ескалација останува реална опција, иако претходно најави склучување на договор со Иран веднаш по завршувањето на изборите.

    Групата бродови што моментално плови кон Блискиот Исток превезува над 7.000 морнари и 2.000 маринци и ја вклучува ударната група на носачот на авиони „Теодор Рузвелт“. Тоа би можело да значи дека САД ќе имаат три носачи на авиони во регионот на крајот на октомври, покрај „Џорџ Буш“ и „Џорџ Вашингтон“.

    Со овој потег, военото присуство на САД би достигнало невообичаено висока бројка од над 20.000 морнари и маринци, како и стотици авиони.

    Во интервјуто за списанието „Тајм“, Трамп најави нови напади, велејќи дека е можно да се засилат бомбардирањата на Иран по изборите во САД на 3 ноември, при што не сакаше да открие повеќе детали за неговата стратегија. Тој оваа недела го одби последниот ирански предлог за прекин на огнот, велејќи дека Техеран не понудил доволно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира