САД ИЗЛЕГОА ОД СОВЕТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОН

    САД ИЗЛЕГОА ОД СОВЕТОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА НА ОНАмериканската амбасадорка во ОН, Ники Хејли, го обвини Советот дека има политички предрасуди кон Израел (Фото: АП)

    САД излегоа од членството на Советот за човекови права на Обединетите нации, обвинувајќи го за политички предрасуди, особено кон Израел. 

    Ова дволично и себично тело служи само за исмевање на човекови права. Ова тело не заслужува да го носи тоа име“, изјави американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли.

    Формиран во Женева во 2006 година, Советот често беше критикуван што во свои редови примаше земји кои имаат историја на кршење на човекови права. Хејли во тој поглед ги спомна Кина, Куба, Венецуела и Конго. 

    Хејли ја објави одлуката на заедничка прес-конференција со државниот секретар Мајк Помпео, кој ја нарече организацијата „слаб бранител на човекови права“, додека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутиереш, изрази надеж дека САД ќе ја променат својата одлука. Израел, пак, го поздрави потегот на САД.

    Таа уследи по низа критики за американската политика на раздвојување деца-мигранти од нивните родители на мексиканската граница.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира