Папата Лав Четиринаесетти денеска изјави дека е „длабоко загрижен“ за нападите на САД и Израел врз Иран и ги повика двете страни да „ја запрат спиралата на насилство пред да стане непоправлива бездна“. Поглаварот на 1,4 милијарди католици ширум светот зборуваше за „трагедија од огромни размери“ на крајот од неговата неделна молитва во Ватикан пред десетици илјади луѓе на плоштадот „Свети Петар“.
Во првата реакција на нападите папата, кој е Американец родум од Чикаго, повика на продолжување на дипломатијата и „разумен, автентичен и одговорен“ дијалог заснован на правда. Оружјето, рече тој, сее само „уништување, болка и смрт“.
„Соочен со можноста за трагедија од огромни размери, упатувам искрен апел до вклучените страни да ја преземат својата морална одговорност да ja запрат спиралата на насилство пред да стане непоправлива бездна“, рече Лав.



