САД ИЗВЕДОА СМРТОНОСНИ НАПАДИ ВРЗ ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ВО НИГЕРИЈА, РЕЧЕ ТРАМП

    САД ИЗВЕДОА СМРТОНОСНИ НАПАДИ ВРЗ ИСЛАМСКАТА ДРЖАВА ВО НИГЕРИЈА, РЕЧЕ ТРАМПМинистерството за одбрана на САД објави кратко видео на кое се гледа лансирање на ракета од воен брод. (Фото: Принтскрин од видео на МО на САД)

    Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД изведоа „моќен и смртоносен напад“ против групата Исламска држава (ИД) во северозападна Нигерија.Трамп ја нарече ИД „терористичко ѓубре“, обвинувајќи ја групата дека „ги таргетира и злобно убива, првенствено, невини христијани“.

    Трамп рече дека американската војска „извршила бројни совршени напади“, додека Африканската команда на САД (Африком) подоцна објави дека вчера нападот бил извршен во координација со Нигерија во државата Сокото. Нигерискиот министер за надворешни работи Јусуф Маитама Тугар изјави дека тоа била „заедничка операција“ насочена кон „терористи“ и дека „нема никаква врска со одредена религија“.

    Без конкретно да ја именува ИД, Тугар рече дека операцијата била планирана „долго време“ и дека користела разузнавачки информации обезбедени од нигериската страна. Министерот не исклучи понатамошни напади, додавајќи дека ова зависи од „одлуките што ќе ги донесат раководството на двете земји“.

    Во својата објава на Трут соушал синоќа Трамп рече дека „под мое водство, нашата земја нема да дозволи радикалниот исламски тероризам да напредува“. Во ноември, Трамп ѝ нареди на американската војска да се подготви за акција во Нигерија за справување со исламистичките милитантни групи. Тој не кажа во тоа време на кои убиства мислел, но тврдењата за геноцид врз христијаните во Нигерија циркулираат во последните месеци во некои десничарски американски кругови.

    Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет вчера изјави дека е „благодарен за поддршката и соработката на нигериската влада“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира