Пентагон соопшти дека американските сили во Авганистан ја фрлија најголемата ненуклеарна бомба врз цели на Исламската држава (ИД) во Авганистан. Адам Стамп, портпарол на Пентагон рече дека тоа беше првата борбена употреба на бомбата, позната како ГБУ-43 досега, за која рече дека содржи 11 тони експлозив.
Врз основа на акронимот на англиски, бомбата има прекар “мајка на сите бомби”. Стамп рече дека бомбата била фрлена врз еден пештерскиа комплекс за кој се верува дека се користи од борци на ИД во областа Акин на провинцијата Нангархар, во непосредна близина на границата со Пакистан.