САД ЈА НАДМИНАА БРОЈКАТА ОД 700 ИЛЈАДИ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

    САД ЈА НАДМИНАА БРОЈКАТА ОД 700 ИЛЈАДИ ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19Оваа бројка доаѓа по уште еден силен бран на нови инфекции, хоспитализации и смртни случаи, предизвикани од делта сојот и главно погодени се невакцинирани луѓе. - Погребално во Флорида (Фото: Њујорк Тајмс)

    САД ја надминаа бројката од 700 илјади починати од ковид-19, 108 дена откако земјата достигна 600 илјади смртни случаи од вирусот, според податоците на Институтот Џон Хопкинс.

    Оваа бројка доаѓа по уште еден силен бран на нови инфекции, хоспитализации и смртни случаи, предизвикани од делта сојот и главно погодени се невакцинирани луѓе.

    Бројката значи дека САД имаат најмногу починати од ковид-19 во светот, додека на второто место е Бразил со 597 илјади починати, а Индија е трета со 448 илјади смртни случаи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира