САД ЈА ОБВИНИЈА РУСИЈА ЗА МЕШАЊЕ ВО ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

    САД ЈА ОБВИНИЈА РУСИЈА ЗА МЕШАЊЕ ВО ПРЕТСТОЈНИТЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИЈавниот обвинител Мерик Гарланд ја посочи руската државна телевизија „РТ“ како водител на шемата за мешање во изборите (Фото: АП)

    САД ја обвинија Русија за тајна операција за мешање во претстојните претседателски избори, чија цел била да се обезбеди посакуван исход од трката помеѓу Доналд Трамп и Камала Харис.

    Јавниот обвинител Мерик Гарланд кажа дека руската државна телевизија „РТ“ и двајца нејзини менаџери раководеле со 10 милиони долари вредна шема за создавање и дистрибуирање содржини со скриени пораки на руската влада, наменети за американските граѓани.

    Министерството за правда заплени 32 имиња на интернет домени што Кремљ ги користел за ширење на руската пропаганда и за ослабнување на глобалната поддршка за Украина“, кажа Гарланд.

    Тактиката вклучува користење на државни медиуми како „РТ“ за ширење на антиамерикански пораки и содржина, како и мрежи на лажни интернет страници и профили на социјалните медиуми кои ги засилуваат тврдењата и ги вклучуваат во онлајн комуникациите на Американците.

    Американските власти предупредуваат дека голем број странски актери се обиделе да се мешаат во изборите во САД по напорите на Русија во 2016. Кинескиот претседател Шји Џинпинг му вети на Џо Бајден дека неговата земја нема да се меша во изборите во САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира