САД ЈА ОДОБРИЈА ТАБЛЕТАТА НА „ФАЈЗЕР“ ПРОТИВ КОВИД-19

    САД ЈА ОДОБРИЈА ТАБЛЕТАТА НА „ФАЈЗЕР“ ПРОТИВ КОВИД-19„Паксловид“ се препорачува на сите лица со 12 и повеќе години (Фото: АП)

    Американските регулатори ја одобрија првата таблета против ковид-19, што Американците ќе можат да ја земаат дома за да ги спречат најлошите ефекти на вирусот. Ова се случува додека бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19 повторно расте во САД, додека здравствените експерти најавуваат нов силен бран на зараза поради ширењето на омикрон.

    Лекот „паксловид“ на „Фајзер“ е побрз начин да се лекува инфекцијата во рана фаза. Тој покажал делотворност од 90% во спречувањето на хоспитализација и смрт кај пациентите кај кои постои голем ризик да развијат сериозна форма на болеста, Последните лабораториски испитувања покажале дека лекот ја задржува својата делотворност и против омикрон.

    Се очекува САД наскоро да го одобрат и оралниот лек на „Мерк“.

    Според Агенцијата за храна и лекови, „паксловид“ се препорачува на сите лица со 12 и повеќе години. Лекот не се препорачува само на оние кои имаат сериозни проблеми со бубрезите и црниот дроб.

    Американската влада нарачала количество доволно за лекување на 10 милиони луѓе, кои ќе го добиваат лекот бесплатно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира