САД ЈА ОДОБРИЈА ТРЕТАТА ДОЗА ОД КОВИД ВАКЦИНАТА ЗА ЛИЦАТА СО СЛАБ ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

    САД ЈА ОДОБРИЈА ТРЕТАТА ДОЗА ОД КОВИД ВАКЦИНАТА ЗА ЛИЦАТА СО СЛАБ ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМЕкспертите сметаат дека две дози од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ можеби не се доволни за да се заштитат некои луѓе (Фото: СДК.МК)

    Агенцијата за храна и лекови (ФДА) ја одобри употребата на третата доза од вакцината за оние Американци кои имаат ослабнат имунолошки систем, со цел да се намали можноста за зараза и сериозно разболување од ковид-19. Одлуката се однесува на 10 милиони луѓе, вклучувајќи болни од рак и лица со пресадени органи.

    Ова е првпат американските здравствени власти да најават дека дополнителна доза можеби ќе биде потребна против ковид-19. Неколку држави веќе почнаа да ја даваат третата доза на одредени групи.

    Ако и Центарот за контрола и превенција на болести ја поддржи одлуката, третата доза ќе почне да се дава уште овој викенд.

    Експертите сметаат дека две дози од вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, односно една на „Џонсон и Џонсон“ можеби не се доволни за да се заштитат некои луѓе, особено оние со послаб имунолошки систем. „Фајзер“ лобираше кај американските и европските регулатори да ја одобрат употребата на третата доза.

    „Со исклучок на оние со послаб имунолошки систем, сметаме дека засега нема потреба од трета доза“, вели советникот на Џо Бајден, Ентони Фаучи.

    Израел почна да ја дава третата доза на лицата над 60 години кои биле вакцинирани пред пет месеци, а Велика Британија, Франција и Германија планираат да почнат следниот месец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира