САД ЈА УКИНАА НАГРАДАТА ОД 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕТО НА ЛИДЕРОТ НА СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИ

    САД ЈА УКИНАА НАГРАДАТА ОД 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА АПСЕЊЕТО НА ЛИДЕРОТ НА СИРИСКИТЕ БУНТОВНИЦИВашингтон и натаму ја смета групата на Ал-Шара за терористичка организација (Фото: Гети)

    САД ја укинаа наградата од 10 милиони долари за апсењето на новиот лидер на Сирија, Ахмед ал-Шара, откако претставници на неговата група Хајат Тахрир ал-Шах (ХТС) се сретнаа со американски дипломати.

    Помошничката на државниот секретар на САД Барбара Лиф изјави дека разговорите со Шара биле многу продуктивни, а тој се покажал прагматичен. Ал-Шара досега беше познат во јавноста по неговото воено име Абу Мухамед ал-Голани.

    Ова беше прва официјална посета на американска делегација на Дамаск по повеќе од десет години. Портпаролот на Стејт департментот кажа дека на средбата се разговарало за транзицијата на власта, што САД ја поддржуваат и за потребата од борба против Исламска држава. САД исто така бараат информации за американски државјани кои исченале во Сирија, вклучувајќи го новинарот Остин Тајс, кој бил киднапиран во Дамаск во 2012.

    Вашингтон и натаму ја смета ХТС за терористичка организација и кажа дека ќе треба да се исполнети некои услови пред да биде тргната од листата, што пак би водело и кон укинувањето на санкциите за Сирија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира