САД И ЈУЖНА КОРЕЈА ЈА ПОЧНАА НАЈГОЛЕМАТА ВОЕНА ВЕЖБА ДОСЕГА СО 230 АВИОНИ

    САД И ЈУЖНА КОРЕЈА ЈА ПОЧНАА НАЈГОЛЕМАТА ВОЕНА ВЕЖБА ДОСЕГА СО 230 АВИОНИПјонгјанг предупреди дека вежбата е провокација, за која ќе уследи уште пострашна одмазда (Фото: Си-Ен-Ен)

    САД и Јужна Кореја ја почнаа петдневната воздушна вежба, помалку од една недела откако Северна Кореја тестираше балистички проектил, за кој тврди дека може да ја погоди целата американска територија.

    Во најголемата ваква вежба досега ќе учествуваат повеќе од 230 борбени авиони и 12.000 војници, додека, истовремено, Кина ги повика сите страни да ги смират страстите.

    „Ситуацијата на Корејскиот Полуостров е екстремно чувствителна. Се надеваме дека сите страни ќе сторат повеќе за да го смират конфликтот и да избегнат заемни провокации“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

    Во неделата, Пјонгјанг предупреди дека „вежбата е провокација, за која ќе уследи уште пострашна одмазда и ќе доведе до нивно самоуништување“.

    Вежбата ќе вклучи и симулирани прецизни гаѓања на замислени севернокорејски нуклеарни и лансирни погони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира