САД ЌЕ ИСПРАТАТ ПОВЕЌЕ ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА, РЕЧЕ ТРАМП ПО ПАУЗАТА ВО ИСПОРАКАТА

    САД ЌЕ ИСПРАТАТ ПОВЕЌЕ ОРУЖЈЕ ВО УКРАИНА, РЕЧЕ ТРАМП ПО ПАУЗАТА ВО ИСПОРАКАТАТрамп рече дека „не е задоволен“ од рускиот претседател Владимир Путин и дека Украина „е многу силно погодена“. (Фото: Гети)

    Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе испратат повеќе оружје во Украина, по објавата минатата недела дека Вашингтон ќе ги запре некои испораки на критично оружје за Киев. За време на состанокот со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека „не е задоволен“ од рускиот претседател Владимир Путин и дека Украина „е многу силно погодена“. Трамп, исто така, посочи дека САД ќе испратат првенствено „одбранбено оружје“ за да помогнат во воените напори на Украина.

    Меѓу вооружувањето за кое минатата недела беше објавено дека е ставено на пауза беа ракетите за воздушна одбрана „патриот“ и прецизните артилериски гранати. Украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше пратките да продолжат, зашто американските системи „патриот“ се „вистински заштитници на животот“.

    Белата куќа минатата недела соопшти дека одлуката е донесена „за да се стават интересите на Америка на прво место“ како одговор на прегледот на Министерството за одбрана за воена поддршка на други земји.

    Очигледната промена на ставот на Трамп дојде по деновите на смртоносни руски напади со беспилотни летала и ракети врз украинските градови, меѓу кои и на главниот град Киев.= каде загинаа три лица.

    Трамп доцна вчера изјави дека Киев треба да може да се одбрани.

    „Ќе испратиме уште малку оружје. Мораме… Сега се погодени многу силно“, рече тој на прес-конференцијата со Нетанјаху. „Разочаран сум што претседателот Путин не престана“, додаде тој.

    Пентагон одговори со кратко соопштение, велејќи дека „по наредба на претседателот Трамп, Министерството за одбрана испраќа дополнително одбранбено оружје во Украина за да се осигури дека Украинците можат да се одбранат додека ние работиме на обезбедување траен мир и дека со сигурност убиствата ќе престанат“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира