Американската Агенција за храна и лекови ќе ја одобри ковид вакцината на „Фајзер/Бионтек“ и за деца на возраст од 12 до 15 години, што треба да се случи најрано следната недела, објави „Њујорк тајмс“.
„Фајзер“ уште во март кажа дека клиничките тестирања покажале дека вакцината е безбедна, ефективна и предизвикува силен имунолошки одговор кај оваа возрасна група. Оваа вакцина е веќе одобрена во САД за сите над 16 години. Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести Рошел Валенски претходно изјави дека очекуваат вакцината да биде одобрена и за помали деца до средина на мај.
Одобрувањето на вакцината дополнително ќе ја поттикне имунизацијата во САД, при што „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“ исто така ја тестираат својата вакцина на деца од 12 до 18 години.
„Фајзер“ и „Модерна“ вклучија уште помали деца во тестирањата, од шест месеци до 11 години и двете компании се надеваат дека вакцината ќе биде достапна за нив од следната година.