САД ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА МУ ДАВААТ ВОЕНА ПОМОШ НА ИЗРАЕЛ, КАЖА ТРАМП

    САД ЌЕ ПРЕСТАНАТ ДА МУ ДАВААТ ВОЕНА ПОМОШ НА ИЗРАЕЛ, КАЖА ТРАМПТрамп рече дека уште пред неколку месеци постигнал договор со Нетанјаху (Фото: АП)

    Доналд Трамп изјави дека САД ќе престанат да го финансираат Израел на крајот на годината, согласно договорот што го постигнал со премиерот Бенјамин Нетанјаху. Во телефонско интервју за „Фокс њуз“, Трамп рече дека уште пред неколку месеци бил постигнат договор, според кој САД ќе престанат да издвојуваат четири милијарди долари годишно.

    „Веќе се договоривме дека од крајот на оваа година нема да му плаќаме на Израел. Секако, ќе му помогнеме на Израел доколку има потреба од тоа“, кажа Трамп.

    Не е јасно на кои точно средства мислел Трамп, иако меморандумот за разбирање, кој предвидува воена помош за Израел од 3,8 милијарди долари годишно, истекува кон крајот на 2028 година.

    „На Израел повеќе не му е потребно американско финансирање. Биби Нетанјаху и јас имавме договор според кој му дававме на Израел четири милијарди долари годишно, а пред неколку месеци се договоривме дека со тоа прекинуваме“, рече Трамп.

    Тој додаде дека Израел може да набави оружје од САД доколку е потребно.

    Израел е најголемиот примател на американска помош уште од крајот на Втората светска војна. Во извештај на Конгресот објавен минатата година, вкупната сума беше проценета на 174 милијарди долари, без прилагодување на инфлацијата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира