САД КОНЕЧНО ЌЕ ГО ПРЕТСТАВАТ НОВИОТ НУКЛЕАРЕН СТЕЛТ БОМБАРДЕР „Б-21 РАЈДЕР“

    САД КОНЕЧНО ЌЕ ГО ПРЕТСТАВАТ НОВИОТ НУКЛЕАРЕН СТЕЛТ БОМБАРДЕР „Б-21 РАЈДЕР“Пред денешната промоција беа објавени само уметнички илустрации од авионот (Фото: АП)

    По неколку години таен развој, САД конечно ќе го претстават својот најнов нуклеарен стелт бомбардер. „Б-21 рајдер“ е првиот нов американски воздушен бомбардер по повеќе од 30 години.

    Речиси секој аспект од програмата е доверлив. Пред денешната промоција во воената фабрика во Палмдејл, Калифорнија беа објавени само уметнички илустрации од авионот и тие навестуваа дека „рајдер“ потсетува на црниот нуклеарен стелт бомбардер „Б-2 спирит“, што би требало да го замени.

    Новиот авион е дел од напорите на Пентагон да ги модернизира сите три гранки од своите нукеарни сили, што вклучува и копнени балистички проектили и боеви глави што се лансираат од подморница, како одговор на брзиот развој на кинеската армија. Се проценува дека Кина ќе има 1.500 нуклеарни оружја до 2035 година, покрај тоа што напредува во своите хиперсонични, кибернетички и вселенски капацитети.

    Во производство се шест авиони „Б-21 рајдер“ и планирано е да се изградат 100, кои ќе можат да носат и конвенционални бомби и нуклеарни оружја и да се користат и со и без човечки екипаж. Нивната цена не е позната.

    САД требаше да имаат флота од над 100 авиони „Б-2“, но беа изградени само 21.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира