САД НЕМА ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА МЕЃУНАРОДНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗВОЈ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19

    САД НЕМА ДА СЕ ПРИКЛУЧАТ НА МЕЃУНАРОДНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА РАЗВОЈ НА ВАКЦИНА ПРОТИВ КОВИД-19Администрацијата на Трамп се фокусира на сопствен план за развој на вакцина до јануари 2021 (Фото: Ројтерс)

    Администрацијата на Доналд Трамп најави дека САД нема да учествуваат во заедничките меѓународни напори да се пронајде и дистрибуира вакцина против ковид-19, бидејќи во тоа е вклучена Светската здравствена организација.

    На иницијативата Ковакс предводена од СЗО се приклучија 172 држави и таа има за цел да обезбеди правичен и еднаков пристап до безбедни и ефективни вакцини откако тие ќе бидат одобрени.

    „САД ќе продолжат да соработуваат со своите меѓународни партнери во борбата против вирусот, но нема да дозволиме да бидеме контролирани од организации кои се под влијание на корумпираната Светска здравствена организација и Кина“, изјави портпаролот на Белата куќа Џуд Дир.

    Трамп во мај објави дека ќе ги повлече САД од СЗО и дека ќе престанат да ја финансираат, обвинувајќи ја дека лошо се справува со пандемијата и е под силно влијание на Кина. Место Ковакс, администрацијата на Трамп одлучи да се фокусира на операцијата „Ворп спид“, американски план за развој на вакцина и за производство на 300 милиони дози до јануари 2021.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира