САД ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ДЕЛУМНА КОНТРОЛА НА НАФТЕНИТЕ РЕЗЕРВИ НА ВЕНЕЦУЕЛА

    САД ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ДЕЛУМНА КОНТРОЛА НА НАФТЕНИТЕ РЕЗЕРВИ НА ВЕНЕЦУЕЛАТрамп е под притисок да ги скроти домашните цени на горивото, кои скокнаа поради конфликтот во Иран (Фото: АП)

    САД постигнаа договор со Венецуела за контрола на повеќе од 65 милијарди барели од нејзините докажани резерви на нафта, објави Доналд Трамп.

    „Оваа историска трансакција повеќе од двојно ги зголемува американските резерви на нафта, значително го зголемува нашето снабдување со нафта и значително ќе ги намали цените на бензинот за сите Американци“, објави Трамп на социјалните медиуми.

    Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, кажа дека договорот ќе помогне во економското заживување на нејзината нација.

    Трамп вети дека ќе ги искористи нафтените резерви на Венецуела, најголеми во светот, откако САД го заробија тогашниот претседател Николас Мадуро во јануари оваа година. Трамп е под притисок да ги скроти домашните цени на горивото, кои скокнаа поради конфликтот во Иран.

    Државниот секретар Марко Рубио го опиша договорот како огромна победа и за американскиот и за венецуелскиот народ.

    „За венецуелскиот народ, овој договор ќе донесе речиси 100 милијарди долари приватни инвестиции, ќе поддржи илјадници високо платени работни места и ќе ја поттикне реконструкцијата на економијата“, рече Рубио.

    Според Родригес, договорот предвидува развој на 17 стратешки нафтени полиња со докажан потенцијал од 65 милијарди барели, како и инвестиција од повеќе од 100 милијарди долари и повеќе од 209 милијарди долари даноци за државата. Беше кажано дека американската влада ќе има удел од 55% во заедничкото вложување со искусен приватен оператор во Венецуела, при што Родригес дала стогодишна концесија за работа на нафтените полиња.

    Не е јасно дали договорот би можел да се соочи со правни и уставни предизвици во Венецуела. Официјалниот текст на договорот не е објавен.

    Венецуела располага со најголемите докажани резерви на нафта во светот – околу 303 милијарди барели. Сепак, производството драстично се намали од неговиот врв кон крајот на 1990-тите. Трамп побара од американските нафтени компании да инвестираат најмалку 100 милијарди долари за да се обнови нафтената индустрија во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира