САД ПРИЗНАА ДЕКА ВО НАПАДОТ СО ДРОН ВО КАБУЛ УБИЛЕ 10 ЦИВИЛИ, А НЕ ПРИПАДНИЦИ НА ИСИС

    САД ПРИЗНАА ДЕКА ВО НАПАДОТ СО ДРОН ВО КАБУЛ УБИЛЕ 10 ЦИВИЛИ, А НЕ ПРИПАДНИЦИ НА ИСИССмртоносниот напад се случи неколку дена по бомбашкиот напад на кабулскиот аеродром (Фото: АП)

    САД признаа дека убиле десет цивили, а не припадници на Исламска држава, во нападот со дрон во Кабул неколку дена пред да го завршат повлекувањето од Авганистан. Истрагата на Централната команда на американската војска утврдила дека во нападот загинале хуманитарен работник и девет члена на неговото семејство, вклучувајќи седум деца, од кои најмладото имало две години.

    Смртоносниот напад се случи неколку дена по бомбашкиот напад на кабулскиот аеродром, во кој загинаа и американски војници. Тоа беше последниот воен чин на САД во Авганистан по 20-годишното постојано присуство во земјата.

    Американските разузнавачи го следеле возилото на хуманитарниот работник осум часа, верувајќи дека е поврзано со милитантите на локалниот огранок на ИСИС“, изјави генералот Кенет Мекензи.

    Во еден момент, дрон снимил маж како товари во автомобилот нешто што наликува на експлозив, за подоцна да се утврди дека тоа биле резервоари со вода.

    Нападот беше трагична грешка“, призна Мекензи.

    Еден од загинатите во нападот работел како преведувач за Американците.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира