САД ПРОТЕРАА 10 РУСКИ ДИПЛОМАТИ И ВОВЕДОА САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА ПОРАДИ ХАКИРАЊЕ И МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕ

    САД ПРОТЕРАА 10 РУСКИ ДИПЛОМАТИ И ВОВЕДОА САНКЦИИ ПРОТИВ РУСИЈА ПОРАДИ ХАКИРАЊЕ И МЕШАЊЕ ВО ИЗБОРИТЕБајден ги воведе санкциите додека односите помеѓу двете земји повторно стануваат тензични (Фото: АП)

    САД воведоа санкции против Русија како одговор на сајбернападите и други непријателски дејства. Вашингтон во исто време протера десетмина руски дипломати.

    „Мерките се насочени кон десетици руски поединци и субјекти и имаат за цел да ги спречат штетните надворешни активности на Русија“, соопшти Белата куќа.

    Таа вели дека руските разузнавачи стојат зад минатогодишниот голем хакерски напад на американските институции и ја обвини Русија за мешање во неодамнешните претседателски избори во САД. Во нападот наречен „Соларни ветрови“, сајберкриминалците пристапиле до 18.000 владини и приватни компјутерски мрежи. Русија ги негираше сите обвинувања и кажа дека соодветно ќе одговори.

    Џо Бајден ја потпиша извршната наредба за санкциите додека односите помеѓу двете земји повторно стануваат тензични. Минатиот месец, САД изрекоа санкции за седуммина руски официјални лица и десетина владини субјекти поради труењето на опозиционерот Алексеј Навални. Бајден ја опиша последната одлука за санкциите како пропорционална.

    „САД не сакаат да почнат круг на ескалации и конфликти со Русија. Јас сум за тоа проблемите да се решаваат низ дијалог и дипломатски процес“, изјави Бајден.

    Руското министерство за надворешни работи ги опиша санкциите како „непријателски чекори кои опасно ја подгреваат температурата на конфронтација“.

    ЕУ, НАТО и Велика Британија соопштија дека ги поддржуваат мерките на САД.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира