САД САКААТ ДА ЈА СНАБДАТ УКРАИНА СО НАПРЕДНИ АНТИБРОДСКИ ПРОЕКТИЛИ

    САД САКААТ ДА ЈА СНАБДАТ УКРАИНА СО НАПРЕДНИ АНТИБРОДСКИ ПРОЕКТИЛИСо проектилите „боинг харпун“ и „навал страјк“ Украина би можела да ја гаѓа руската црноморска флота (Фото: Гети)

    САД би можеле да ја опремат украинската војска со напредни антибродски системи. Извори од администрацијата на Џо Бајден велат дека Белата куќа размислува да му понуди на Киев проектили „боинг харпун“ и „навал страјк“, со кои би можела да се гаѓа руската црноморска флота, која моментално ги блокира украинските пристаништа.

    Од британското министерство за одбрана кажаа дека околу 20 руски воени пловила, вклучувајќи подморници, се активни во регионот.

    Од Белата куќа сметаат дека ова оружје би ѝ помогнало на Украина да ги истера руските бродови од нејзината територија, со цел да продолжи извозот на житарки и други земјоделски производи. Еден ваков проектил чини околу 1,5 милиони долари и има домет од 300 километри, но првенствено се лансира од море.

    Американскиот Сенат го изгласа законот со кој се одобрува воена и хуманитарна помош за Украина вредна 40 милијарди долари. Американската помош за Украина со тоа се зголемува на над 50 милијарди долари, вклучувајќи шест милијарди за обука, опрема и оружје. Лидерот на Републиканците во Сенатот, Мич Меконел, изјави дека Конгресот има морална одговорност да ја поддржи самоодбраната на суверена демократија.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира