САД Ѝ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ГЕРМАНИЈА ЗА ГАСОВОДОТ ШТО ГО ПРАВИ СО РУСИЈА

    САД Ѝ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ГЕРМАНИЈА ЗА ГАСОВОДОТ ШТО ГО ПРАВИ СО РУСИЈАДржавниот секретар Ентони Блинкен го пренесе ставот на Бајден дека гасоводот е лоша идеја за Европа (Фото: Ројтерс)

    Ентони Блинкен ја искористи својата прва посета на Брисел како американски државен секретар за да ја приитисне Германија да се откаже од гасоводот „Северен тек 2“ и им се закани со нови санкции на сите вклучени бизниси.

    Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс кажа дека Блинкен имал кратка средба со германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас за време на разговорите на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

    „Блинкен ја истакна посветеноста на САД да работат со сојузниците и партнерите на спротивставување на руските напори за поткопување на нашата колективна безбедност и во таа насока, го нагласи противењето на САД кон гасоводот ‘Северен тек 2‘“, изјави Прајс.

    Гасоводот што ги поврзува Германија и Русија е веќе 90% изграден, но беше попречен од американски санкции.

    „Претседателот Џо Бајден беше многу јасен кога кажа дека гасоводот е лоша идеја, лош за Европа и лош за САД“, изјави Блинкен во пресрет на разговорите во Брисел.

    Вашингтон смета дека гасоводот ќе ја направи Европа премногу зависна од рускиот гас. Преку него, секоја година ќе се транспортираат 55 милијарди кубни метри природен гас од Русија во Германија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира