САД СО РЕКОРДНИ 60.000 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, НО ТРАМП САКА ДА ГИ ОТВОРИ УЧИЛИШТАТА НАЕСЕН

    САД СО РЕКОРДНИ 60.000 НОВОЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС, НО ТРАМП САКА ДА ГИ ОТВОРИ УЧИЛИШТАТА НАЕСЕНТрамп и натаму тврди дека земјата е во добра позиција во поглед на епидемијата (Фото: АП)

    САД пријавија повеќе од 60.000 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд, објави Универзитетот Џонс Хопкинс. Претходниот рекорд беше регистриран на 2 јули, кога имаше 55.220 новозаразени.

    Последните бројки доаѓаат откако Калифорнија и Тексас пријавија по 10.000 нови случаи на зараза, додека претседателот Доналд Трамп и натаму тврди дека земјата е во добра позиција во поглед на епидемијата. Тој кажа дека ќе ги притисне државните и локалните лидери да ги отворат училиштата наесен, тврдејќи дека тие се држат затворени не поради ризикот од коронавирусот, туку од политички причини.

    Д-р Ентони Фаучи, водечкиот американски експерт за заразни болести, вели дека земјата и натаму е во првиот бран на ширењето на коронавирусот и предвиде дека во еден момент ќе има и 100.000 заразени во еден ден.

    Од почетокот на пандемијата, во САД има повеќе од три милиони заразени и 131.000 починати од ковид-19.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари