САД СТАНАА ШЕСТА ДРЖАВА СО НАД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

    САД СТАНАА ШЕСТА ДРЖАВА СО НАД 1.000 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19Трамп ги повика Американците да се придржуваат до социјалното дистанцирање во наредните 15 дена (Фото: АП)

    САД станаа шеста држава со повеќе од 1.000 починати од КОВИД-19, додека Сенатот ноќеска го усвои пакетот од 2,2 трилиона (2.200 милијарди) долари за помош на американската економија, најголем во историјата. Двете партии го поддржаа законот за пакетот со кој ќе им се помогне на малите бизниси, работниците и на здравствениот систем.

    Во САД досега починаа 1.032 луѓе од КОВИД-19, а бројката заразени порасна на речиси 70.000 и повеќе има само во Италија и Кина.

    Сепак, Ендрју Куомо, гувернерот на сојузната држава Њујорк, која е најпогодена од вирусот со над 30.000 заразени, вели дека преземените мерки даваат резултати и дека е намален приемот на нови пациенти во болници.

    „Бројките се предобри за да бидат вистинити“, изјави Куомо.

    Самиот град Њујорк целосно затвори некои улици за сообраќај за да се овозможи луѓето да држат растојание меѓу себе. Доналд Трамп ги повика Американците да бидат посветени во социјалното дистанцирање во наредните 15 дена.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира