САД ТВРДАТ ДЕКА НИВНИ ВОЕНИ И ТРГОВСКИ БРОДОВИ ПОМИНАЛЕ НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ

    САД ТВРДАТ ДЕКА НИВНИ ВОЕНИ И ТРГОВСКИ БРОДОВИ ПОМИНАЛЕ НИЗ ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦТрамп објави дека САД ќе им помагаат на заглавените бродови да поминат низ Ормускиот Теснец (Фото: АП)

    Американската војска објави дека два нејзини разурнувачи со наведувани проектили влегле во Персискиот Залив за да ја скршат иранската блокада и дека два американски трговски брода го поминале Ормускиот Теснец. Иран претходно кажа дека спречил американски разурнувач да влезе во Заливот и дека пукал кон него, што беше демантирано од САД. Новите тврдења од САД ги опиша како целосна лага. 

    Централната команда на американската војска соопшти дека нејзините сили го поддржуваат „Проектот слобода“ на Доналд Трамп, чија цел е да им се помогне на заглавените комерцијални бродови и нафтени танкери да го поминат Теснецот. Командата кажа дека два американски трговски брода го преминале Теснецот, додека американски разурнувачи дејствувале во Заливот.

    Американските сили активно помагаат во напорите за враќање на транзитот на комерцијалниот превоз“, соопшти командата.

    Иран драстично го ограничи сообраќајот низ Теснецот откако започна војната на 28 февруари, додека САД воведоа поморска блокада на иранските пристаништа.

    Трамп објави дека почнувајќи од денеска, САД ќе им помагаат на заглавените бродови да поминат низ Ормускиот Теснец. Здружената команда на иранската војска им порача на бродовите да се воздржат од секакво движење кое не е во координација со иранските власти.

    Ормускиот Теснец останува затворен, а преминувањето низ него без дозвола од Исламската Република Иран и надвор од назначената рута е забрането. Доколку некој брод помине без дозвола, ќе биде погоден и уништен“, соопшти Иранската револуционерна гарда.

    Стотици бродови се заглавени повеќе од два месеца во Персискиот Залив, додека на нивните екипажи со околу 20.000 морнари им снемуваат залихи на вода и храна.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира