САД ВРАТИЛЕ 81 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ОТКАКО ВРХОВНИОТ СУД ГИ ПРОГЛАСИ ЗА НЕЗАКОНСКИ

    САД ВРАТИЛЕ 81 МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ОД ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ОТКАКО ВРХОВНИОТ СУД ГИ ПРОГЛАСИ ЗА НЕЗАКОНСКИТрамп ги претставуваше царините како сеопфатно решение за економијата (Фото: АП)

    САД вратиле десетици милијарди долари собрани преку царини откако Врховниот суд ги прогласи за нелегални. Досега по овој основ биле исплатени 81 милијарда долари оваа фискална година, која започна во октомври 2025, во споредба со пет милијарди долари претходната година.

    Повратот на средства започнал во мај, откако Врховниот суд на САД во февруари пресуди дека голем дел од новите глобални царини на Доналд Трамп се нелегални. Тоа значеше дека американската влада мора да им врати пари на компаниите кои ги платиле давачките.

    Функционер на министерството за финансии изјави дека порастот на повратот речиси целосно се должи на одлуката на Врховниот суд.

    Трамп ги претставуваше царините како сеопфатно решение за економијата, враќање на фабриките во САД, добивање подобри трговски договори и затворање на дефицитот во федералниот буџет. Но, дефицитот, кој стана малку помал минатата година благодарение на приходите од царините, сега повторно расте. Тој достигна 1,367 трилиони долари во првите девет месеци од фискалната година, што е зголемување од 2%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира