САМО 0,01% АМЕРИКАНЦИ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНАВИРУС ОТКАКО ПРИМИЛЕ ДВЕ ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТА

    САМО 0,01% АМЕРИКАНЦИ СЕ ЗАРАЗИЛЕ СО КОРОНАВИРУС ОТКАКО ПРИМИЛЕ ДВЕ ДОЗИ ОД ВАКЦИНАТАПоловина од возрасното население во САД досега е целосно вакцинирано против ковид-19 (Фото: ЛА тајмс)

    Само 0,01% Американци кои примиле две дози од вакцината се заразиле со коронавирус во периодот од 1 јануари до 30 април, објави Центарот за контрола и превенција на болести, додавајќи дека ова ја потврдува големата делотворност на вакцините.

    Вирусот успеал да се пробие кај 10.262 целосно вакцинирани луѓе, чија вкупна бројка до 30 април изнесуваше 107.496.325. Извештајот е заснован врз вакцините на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“, единствените кои досега се одобрени во САД.

    „Ова покажува дека случаите на зараза меѓу вакцинираните луѓе се, пред сè, необични. И како второ, многу малку вакви случаи завршуваат со смрт“, вели експертот за заразни болести Вилијам Шафнер.

    Од оние што се заразиле по целосното вакцинирање, за време на периодот на истражувањето починале 160 луѓе и сите биле на возраст од 61 до 78 години. Тоа претставува 2% од пробивните инфекции, односно 0,0001% од целосно вакцинираните Американци во периодот од 1 јануари до 30 април годинава.

    ЦДЦ истакнува дека бројот на пробивните инфекции можеби е и поголем, но лицата вакцинирани со две дози ретко се тестираат за коронавирус.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира