ПОПЛАВИ ВО САРАЕВО ПО ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ, И РЕКАТА МИЉАЦКА ПРЕД ИЗЛЕВАЊЕ

    ПОПЛАВИ ВО САРАЕВО ПО ОБИЛНИТЕ ВРНЕЖИ, И РЕКАТА МИЉАЦКА ПРЕД ИЗЛЕВАЊЕНаселбата Отес е една од најтешко погодените (Фото: Кликс)

    Сараево се соочува со големи поплави како резултат на обилните дождови кои врнат веќе два дена во Босна и Херцеговина.

    Водостајот на Миљацка утрово изнесуваше 208 сантиметри и реката би можела да се излие од коритото во некои делови од градот ако продолжи да врне. Токму тоа го најавуваат метеоролозите, велејќи дека врнежите ќе продолжат до недела.

    Најавено е дека врнежите ќе продолжат до недела (Фото: Кликс)

    Дождот во текот на ноќта предизвикал големи проблеми во целиот Кантон Сараево, при што се поллавени сообраќајници и цели населби, а јавниот превоз е во прекин. Најдраматично е во Отес, каде што, како што јавуваат медиумите, владее хаотична состојба, откако водата навлегла и во голем број куќи. На терен се пожарникарите, кои со чамци им доставуваат помош на жителите на поплавените населби.

    И додека водостојот на Миљацка е во пораст, реките Железница и Тилава веќе се излеаја, а расте и нивото на Босна и се заканува на некои населби.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира