СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19, ВЕЛИ СЗО

    СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ НА ПАНДЕМИЈАТА НА КОВИД-19, ВЕЛИ СЗОБлагодарение на ковид вакцините биле спречени 19,8 милиони смртни случаи во 2021 (Фото: АП)

    Крајот на пандемијата на ковид-19 е на повидок, објави Светската здравствена организација, откако неделниот број на смртни случаи во светот падна на најниско ниво од март 2020. Според податоците на СЗО од 5 септември, неделниот број починати од ковид-19 на светско ниво бил 11.118.

    СЗО процени дека благодарение на ковид вакцините биле спречени 19,8 милиони смртни случаи во 2021. Низ светот биле дадени 12 милијарди дози.

    „Сепак, коронавирусот и натаму е причина за акутна глобална вонредна состојба. Во првите осум месеци од 2022 починале над милион луѓе од ковид-19“, изјави шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

    Тој вели дека светот никогаш не бил во подобра позиција да ја заврши пандемијата како сега.

    „Сè уште не е готово, но крајот се ближи. Маратонецот не запира кога ја гледа целната линија, туку трча уште посилно, со сета енергија што ја има. Така мораме и ние. Ја гледаме целната линија, во победничка позиција сме, но најлошо е ако сега запреме“, кажа Гебрејесус.

    Од почетокот на пандемијата, ковид-19 однесе 6,5 милиони животи, иако се верува дека реалните бројки се многу поголеми.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира