СЕ НАДЕВАМ НЕМА ДА ВЕ НАПАДНЕ РУСИЈА, ЗЕЛЕНСКИ ЖЕСТОКО ГО НАПАДНАЛ РАДЕВ ЗОШТО ОДБИВА ДА Ѝ ПОМАГА СО ОРУЖЈЕ НА УКРАИНА, А РУСКАТА АГРЕСИЈА ЈА ВИКА КОНФЛИКТ

    СЕ НАДЕВАМ НЕМА ДА ВЕ НАПАДНЕ РУСИЈА, ЗЕЛЕНСКИ ЖЕСТОКО ГО НАПАДНАЛ РАДЕВ ЗОШТО ОДБИВА ДА Ѝ ПОМАГА СО ОРУЖЈЕ НА УКРАИНА, А РУСКАТА АГРЕСИЈА ЈА ВИКА КОНФЛИКТЗеленски се сретна со Радев при вчерашната посета на Софија (Фото: Принтскрин од видео)

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски жестоко го нападнал бугарскиот претседател Румен Радев при вчерашната посета на Софија поради неговите противења да ѝ се испорачува уште оружје на Украина. Радев притоа побарал ТВ-камерите да ја напуштат салата во претседателската палата каде што се одржувал состанокот, објави „Политико“. 

    Зеленски ја посети Бугарија првенствено за да се сретне со прозападната влада на премиерот Николај Денков, која го поддржува вооружувањето на Украина и исто така ги разгледува опциите за продажба на цивилна нуклеарна опрема.

    Политико“ објави дека средбата со Радев, кој е проруски настроен, поминала полошо од очекувањата. Радев се обидувал да ѝ укаже на украинската делегација дека не постои воено решение за конфликтот и дека тој нема да се реши со уште оружје.

    Се надевам дека нема да ве снајде некоја трагедија и да се најдете на моето место. Ако луѓето кои ги делат истите вредности не помогнат, што би направиле вие? Дали би рекле: ‘Путин, те молам, земи си бугарска територија‘. Не, сигурен сум дека вие, како вистински претседател, не би прифатиле компромиси за вашата независност. Ваше право е да не давате помош за Украина, но би сакал правилно да ме разберете“, му возвратил Зеленски на Радев.

    Тој исто така го нападнал Радев затоа што руската инвазија ја опишува како конфликт и за нејасните тврдења дека војната се прелева.

    Кремљ ја почна војната за да ги уништи Украинците, не други земји,  и владата во Софија постапи исправно кога ни испорача оружје. Без разлика колку оружје и муниција имате и колку е добра вашата војска, тоа нема да ви биде доволно за борба против 160 милиони војници на Руската федерација. Затоа е добро да ни дадете оружје за да можеме ние да се браниме и да не дојде војната кај вас. Не можете да ја поддржувате Русија и да имате балансирана позиција“, рекол Зеленски.

    Радев на крајот рекол дека има предлог, но ги замолил камерите да излезат, пред да продолжи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира