СЕ ОТВОРААТ ПРВИТЕ РЕСТОРАНИ ОД РУСКИОТ „МЕКДОНАЛДС“ ПОД ИМЕТО „ВКУСНО И ТОЧКА“

    СЕ ОТВОРААТ ПРВИТЕ РЕСТОРАНИ ОД РУСКИОТ „МЕКДОНАЛДС“ ПОД ИМЕТО „ВКУСНО И ТОЧКА“Новата компанија го објави своето лого пред два дена

    Првите 15 ресторани на некогашниот „Мекдоналдс“ ќе се отворат денеска во Москва, а новото име на брендот ќе биде „Вкусно и точка“. Компанијата кажа дека утре ќе почнат со работа уште 50 ресторани.

    Денешниот ден означува почеток на нова ера за руските љубители на брза храна, откако „Мекдоналдс“ ги затвори сите свои 850 ресторани во март, а минатиот месец донесе одлука за целосно повлекување од Русија. Рестораните ги купи еден од локалните застапници на „Мекдоналдс“, Александер Говор, кој кажа дека планира да го прошири новиот бренд на повеќе од 1.000 локации низ целата земја.

    Мекдоналдс“ беше еден од најпопуларните западни брендови во Русија откако го отвори првиот ресторан на плоштадот Пушкин во Москва во јануари 1990, неколку месеци пред распадот на Советскиот Сојуз. До војната во Украина вработуваше 62.000 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира