СЕ ПОМИРИВ СО ФАКТОТ ДЕКА Е МРТОВ, ВЕЛИ БРАТОТ НА ИСЧЕЗНАТИОТ АКТЕР ЏУЛИЈАН СЕНДС

    СЕ ПОМИРИВ СО ФАКТОТ ДЕКА Е МРТОВ, ВЕЛИ БРАТОТ НА ИСЧЕЗНАТИОТ АКТЕР ЏУЛИЈАН СЕНДССендс исчезна на 13 јануари додека бил на планинарење околу Лос Анџелес (Фото: АП)

    Братот на исчезнатиот британски актер Џулијан Сендс изјави дека се помирил со фактот дека тој е мртов, додека калифорниската полиција кажа дека ја продолжила потрагата од воздух.

    Шеесет и петгодишниот Сендс исчезна на 13 јануари додека бил на планинарење во планините Сан Габриел, северно од Лос Анџелес. Властите досега не успеале да го лоцираат, што се должи и на лошите временски услови во таа област.

    Јас веќе се простив од него. Се помирив со фактот дека е мртов и така се носам со ова. Подобро така отколку да го замислувам како лежи повреден во планините. Неговите сопруга и три деца и натаму се надеваат дека е жив. Сите се надеваме на некој начин, но знам дека е мртов“, изјави Ник Сендс, кој живее во Англија.

    Шерифот на округот Сан Бернардино соопшти дека во потрагата по Сендс е вклучен хеликоптер опремен со уред за детектирање рефлектирачки предмети.

    Сендс се појави во десетици филмови и серии, а се прослави со главната улога во филмот „Соба со поглед“ од 1985.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира