СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА, НАЈМАЛКУ 48 ЗАГИНАТИ

    СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА, НАЈМАЛКУ 48 ЗАГИНАТИВластите кажаа дека пропаднала секција долга 18 метри, а во калливата јама се пронајдени 23 автомобили (Фото: АП)

    Најмалку 48 луѓе загинаа откако пропадна дел од автопат во планинска област во јужна Кина, при што повеќе од 20 автомобили паднаа низ стрмната падина. Официјални лица од градот Меижу кажаа дека три лица и натаму не се идентификувани, но нејасно е дали тие загинале, со што бројот на жртви би бил и поголем.

    Уште 30 луѓе се повредени, но не се во животна опасност, објавија кинеските медиуми. Спасувачките напори се попречени од дождот кој не престанува да врне и од ризичниот терен.

    Автопатот се урна во средата наутро по локално време кога во Кина почна еден од најголемите празници, кога вообичаено има многу возила на патиштата. Државните медиуми објавија дека станува збор за природна геолошка катастрофа која се случила под влијание на постојаните поројни дождови.

    Властите кажаа дека пропаднала секција долга 18 метри, а во калливата јама досега се пронајдени 23 автомобили. Еден очевидец изјави дека слушнал звук налик на силна експлозија пред автомобилите да паднат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира