СЕ УРНА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ФЛОРИДА, НАД 50 ЛУЃЕ СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИ

    СЕ УРНА СТАНБЕНА ЗГРАДА ВО ФЛОРИДА, НАД 50 ЛУЃЕ СЕ ВОДАТ КАКО ИСЧЕЗНАТИВластите засега не знаат што го предизвикало уривањето на зградата (Фото: АП)

    Десетици луѓе се водат како исчезнати по уривањето на дел од 12-катна станбена зграда северно од Мајами. Досега е потврдено дека едно лице загинало, но останува непозната судбината на 51 станар.

    Спасувачките екипи пребаруваат по урнатините, од кои досега се извлечени 35 луѓе. Непознато е колку луѓе имало во зградата во моментот на уривањето.

    Комплексот во градот Сурфсајд е изграден во 1981 година и од 130 станови, во уривањето се погодени половина.

    „Немаме контакт со 51 лице за кои веруваме дека живееле во зградата. Задниот дел од зградата, третина, ако не и повеќе, е смачкан. Тоа е страшно, зашто можеби нема да имаме успех да пронајдеме живи луѓе. Очекуваме бројот на загинати да расте“, изјави градоначалникот на Сурфсајд, Чарлс Барнет.

    Зградата покрај плажа има постојани и сезонски жители. Властите засега немаат идеја што го предизвикало уривањето на зградата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира