Најмалку пет припадници на Националната гарда се загинати откако воен авион се урна во градот Савана, во сојузната американска држава Џорџија.
Авионот на Националната гарда од типот Ц-130 се урнал околу 11.30 часот по локално време на автопат во близина на аеродромот.
Капетанот Џеф Безор портпарол на Националаната гарда на Џорџија изјави дека во авионската несреќа загинале најмалку пет лица, но не може уште да каже колку лица вкупно биле во авионот.
Воздухопловните сили соопштија дека авионот припаѓал на 156 воздухопловно крило на Порто Рико. Портпаролот на воздухопловното крило на Порто Рико, Пол Дален изјави дека авионот летал кон Аризона, во него имало од 5 до 9 лица, но немал информации за мисијата.
Причините за авионската несреќа засега се непознати.