СЕ ЗАПАЛИ КАМИОН НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ И ОШТЕТИ „ЕРБАС“ НА „ЛУФТХАНЗА“

    СЕ ЗАПАЛИ КАМИОН НА АЕРОДРОМОТ ВО ФРАНКФУРТ И ОШТЕТИ „ЕРБАС“ НА „ЛУФТХАНЗА“Во моментот на инцидентот, во авионот немало никој (Фото: АФП)

    Авион „ербас А340“ на „Луфтханза“ беше оштетен на аеродромот во Франкфурт, откако се запали камион за влеча, кој маневрирал на пистата.

    Десет вработени на аеродромот биле превезени во болница поради вдишување на чад, но никој не е сериозно повреден.

    Од компанијата не можеа да кажат што е причината за пожарот. Во авионот, кој подоцна требало да лета за Филаделфија, во тој момент немало никој.

    Снимките што се проширија на социјалните мрежи покажаа голем пламен под кокпитот и во пределот под носот на авионот.

    „Авионот ќе биде подложен на детаљна инспекција. Овој инцидент не влијаеше врз сообраќајот на аеродромот“, кажа портпаролот на „Луфтханза“, додавајќи дека за САД летнал резервен авион.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира