СЕ ЗАПАЛИ ЦИСТЕРНА ПО СУДИР СО АВТОМОБИЛ НА АВТОПАТ ВО КАИРО, 31 ЗАГИНАТ

СЕ ЗАПАЛИ ЦИСТЕРНА ПО СУДИР СО АВТОМОБИЛ НА АВТОПАТ ВО КАИРО, 31 ЗАГИНАТВо несреќата се повредени уште 21 лице (Фото: Гети)

Египетските власти уапсија маж обвинет за предизвикување судир со цистерна и голем пожар, при што загинаа најмалку 31 лице на автопат во Каиро.

Од јавното обвинителство соопштија дека возачот признал оти се движел со брзина од 110 км/час, кога преминал на другата сообраќајна лента и со своето возило ја закачил цистерната.

При судирот, на цистерната ѝ пукнала гума, поради што скршнала кон средишниот појас на автопатот, удрила во бетонската бариера и се превртела, при што истекло гориво и избувнал пожар, соопштија од обвинителството.

Во несреќата се повредени уште 21 лице, а во болниците се згрижени пациенти со изгореници и последици од вдишување чад.

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира