СЕДУММИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ПО НАПАД СО НОЖ ВО ПАРИЗ

    СЕДУММИНА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ПО НАПАД СО НОЖ ВО ПАРИЗЕден од очевидците вели дека пешачел покрај каналот кога го видел човекот како трча и држи нож долг 25-30 сантиметри (Фото: Ројтерс)

    Седум луѓе се тешко повредени, откако ги нападна човек со нож и со железна шипка во францускиот главен град Париз. Нападот се случил пред 23 часот, на брегот на каналот во 19. кварт во Париз.

    Луѓето што во близина играле петаник, локална игра со топки, почнале со топките да го маваат напаѓачот за да го спречат. Мажот, за кој е утврдено дека е Авганистанец, подоцна е упасен. Инцидентот не е третиран како терористички напад.

    Човекот првично прободел двајца мажи и жена во близина на киното МК2. Еден од очевидците вели дека пешачел покрај каналот кога го видел човекот како трча и држи нож долг 25-30 сантиметри.

    „Околу 20 луѓе го бркаа. Почнаа да фрлаат со топки по него. Го погодија со околу четри до пет топки, но не успеаја да го сопрат“, вели Јусуф Наџах, очевидец на нападот.

    Човекот потоа нападнал двајца британски туристи во улицата во близина на каналот. Британското министерство за надворешни работи соопшти дека го истражува инцидентот и дека е во контакт со француските власти.

    Извор од француската полиција изјави дека во оваа фаза од истрагата ништо не укажува на тоа дека станува збор за терористички напад. Последните неколку месеци имаше повеќе напади со нож во Париз, а за неколку беа поведени истраги за тероризам.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира