СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ХРВАТСКА, УТРОВО НОВА СЕРИЈА ПОТРЕСИ

    СЕДУММИНА ЗАГИНАТИ ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ХРВАТСКА, УТРОВО НОВА СЕРИЈА ПОТРЕСИОд земјотресот материјалната штета е голема, во Петриња нема неоштетена куќа. (Фото: Кропикс)

    Седум лица загинаа во вчерашниот голем земјотрес од 6,2 степена по Рихтер во Петриња, Хрватска, а утринава од 6.15 до 6.30 часот во епицентралното подрачје имаше серија од три послаби потреси, од 3,9 до 4,8 степени. Од земјотресот материјалната штета е голема, во Петриња нема неоштетена куќа.

    Хрватската Сеизмолошка служба вели дека поради јачината на вчерашниот земјотрес, тлото ќе се тресе уште неколку дена, и дека низата слаби потреси ќе има влијание и врз веќе оштетените објекти во Петриња.

    Спасувачките екипи ноќеска поминале низ 84 села во околината и велат дека никаде нема луѓе заробени под урнатините.

    Mеѓу загинатите се 13-годишно девојче во Петриња, и шестмина во Мајски Полјани кај Глина.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира