СЕГА ЌЕ ВИДИМЕ КОЈ НИ Е ПРИЈАТЕЛ, А КОЈ НÈ ПРЕДАЛ ЗА ПАРИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ПРЕД САМИТИТЕ НА НАТО, Г7 И ЕУ

    СЕГА ЌЕ ВИДИМЕ КОЈ НИ Е ПРИЈАТЕЛ, А КОЈ НÈ ПРЕДАЛ ЗА ПАРИ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ПРЕД САМИТИТЕ НА НАТО, Г7 И ЕУБајден ќе присуствува на сите три самити (Фото: АП)

    Џо Бајден им се придружи на западните лидери во Брисел во пресрет на три самити за руската инвазија на Украина. НАТО, Г7 и ЕУ ќе одржат самити за да покажат ретко видено единство и тоа ќе биде првпат американски претседател да присуствува на самит на ЕУ.

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги предупреди западните лидери дека Русија ја вложува сета своја економска моќ за да ги спречи сојузниците на Украина да интервенираат во војната.

    „Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за своите интереси. Тоа се интереси на војна. Ние знаеме дека тие работат со некои партнери. Нашиот цврст став ќе биде претставен на овие три самити, на кои ќе се види кој е пријател, кој е партнер, а кој нè предал за пари“, кажа Зеленски, кој ќе се обрати преку видеоврска на сите три самити.

    Околу 40% од Европа го користи рускиот гас и германскиот канцелар Шолц веќе ја отфрли идејата за целосно откажување од руските гас и нафта, сметајќи дека тоа би ја вовлекло Европа во рецесија.

    Се очекува 30-темина претседатели и премиери да се согласат за поголема поддршка за Украина и за најавеното распоредување на нови борбени трупи во источните членки на НАТО.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира