СЕКОЕ ОШТЕТУВАЊЕ НА НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ Е САМОУБИСТВО, КАЖА ШЕФОТ НА ОН, ГУТЕРЕШ, ПРИ ПОСЕТАТА НА УКРАИНА

    СЕКОЕ ОШТЕТУВАЊЕ НА НУКЛЕАРКАТА ЗАПОРОЖЈЕ Е САМОУБИСТВО, КАЖА ШЕФОТ НА ОН, ГУТЕРЕШ, ПРИ ПОСЕТАТА НА УКРАИНАГутереш денеска се сретна со Зеленски и Ердоган во Лавов (Фото: АП)

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека оштетувањето на окупираната нуклеарна централа Запорожје би било рамно на самоубиство. По средбата со украинскиот претседател Зеленски и турскиот лидер Ердоган во Лавов, Гутереш кажа дека е смртно загрижен за ситуацијата во нуклеарката и побара таа да биде демилитаризирана.

    Најголемата нуклеарна централа во Европа моментално е под контрола на руските сили, но со неа и натаму оперираат украински инженери. Русија и Украина во изминатите денови меѓусебно се обвинуваа за нејзино гранатирање.

    Русија најави дека би можела да ја исклучи централата ако продолжат нападите, што, според Киев, би го зголемило ризикот од нуклеарна катастрофа. Москва ги отфрли меѓународните повици за воведување демилитаризирана зона околу централата како неприфатливи.

    Таа не смее да се користи за никакви воени операции. Мора да се постигне договор за воспоставување на чисто цивилна инфраструктура во Запорожје и да се осигура областа“, изјави Гутереш.

    Ердоган кажа дека светот не сака уште еден Чернобил, укажувајќи на опасноста од нуклеарен инцидент во Запорожје, додека Зеленски побара моментално и безусловно повлекување на руските војници од територијата на централата и ја обвини Русија за нуклеарна уцена.

    Руското министерство за надворешни работи соопшти дека иако судир со западот е можен, директен нуклеарен конфликт со САД и НАТО не би бил во интерес на Русија,

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира